Се разведе актерот Петар Стругар по две години брак

30.09.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Се разведе актерот Петар Стругар по две години брак

Познатиот црногорски актер Петар Стугар се разведе од сопругата Оља по две години брак.

Иако во јавноста не се знаеше многу за неговиот брак, неименуван извор ги информирал локалните медиуми дека бракот на актерот завршил.

„Оља и Петар решија да се разделат и секој да си оди по својот пат. Тие останаа во пријателски односи какви што беа пред да стапат во брачна заедница. Нивната разделба немаше расправии, но не можеа да функционираат како брачни партнери, па затоа и тие одлучија дека разделбата е најдоброто решение за благосостојбата на нивниот син. Петар и Оља функционираат одлично одвоено и се посветени родители на малиот Иво. Тие се согласуваат за сите обврски што ги имаат кон синот“, вели изворот за српски „Блиц“. 

Неимнеуваниот извор раскажал дека тие прво биле пријатели, па потоа започнале врска.




© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата