ОПМ со апел за НОВИ МЕРКИ: Потрошувачите се жалат на енормниот раст на цените

29.09.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ОПМ со апел за НОВИ МЕРКИ: Потрошувачите се жалат на енормниот раст на цените

Од Организацијата на потрошувачи на Македонија апелираат да се носат нови мерки по нови механизми за заштита на потрошувачите поради растот на цените.

-Цените на продуктите растат енормно високо, потрошувачите се жалат и кај нас. Апелираме да се носат нови мерки по нови механизми. Дали е тоа на некој начин вештачко покачување, односно колку трговците и производителите имаат високи трошоци за цените буквално да ги менуваат од ден за утре и тоа за можеби половина повисока цена што не е толку логично во овој сегмент, вели Мартина Грнчаревска од Организацијата на потрошувачи на Македонија ОПМ, на новинарско прашање поврзано со порастот на цените и дали може да има поголем контролен механизам што ќе може да го спречи тоа.

Додаде дека со новиот закон којшто треба да помине во Собрание ќе има поголеми казни за нефер трговските пазарни пракси.

– Од тој аспект и ние апелираме и се обраќаме до Државниот пазарен инспекторат со поплаки од потрошувачите да се контролира повеќе тој сегмент. Се надеваме на нови мерки коишто ги најавува и министерот за економија дека ќе се регулира повеќе овој сегмент и ќе имаме поголема потрошувачка заштита бидејќи во спротивно целата сиромаштија ќе доведе до пад на потрошувачката кошничка и потрошувачите да не можат да си ги дозволат секојдневните потреби, подвлече Грнчаревска.

На прашањето кои се најчестите поплаки на потрошувачите освен цените Грнчаревска рече дека најчести поплаки се за производи од бела техника и технички апарати и неможност на остварување на правата од гаранции и сервисирања, недоставувањето на мебел е доста актуелно, како и онлајн продажбата, нелегалната фејсбук продажба, за којашто постојано апелира до потрошувачите да не нарачуваат или да внимаваат од кого нарачуваат.

-Сега знаеме со покачувањата на цените, всушност дали е тоа на некој начин вештачко покачување, односно колку трговците и производителите имаат високи трошоци за цените буквално да  ги менуваат од ден за утре и тоа за можеби половина повисока цена што не е толку логично во овој сегмент. Од тој аспект и ние апелираме и се обраќаме до Државен инспекторат со поплаки од потрошувачите да се контролира повеќе тој сегмент и сега се надеваме на нови мерки коишто ги најавува и министерот за економија дека ќе се регулира повеќе овој сегмент и ќе имаме поголема потрошувачка заштита бидејќи во спротивно целата сиромаштија ќе доведе до пад на потрошувачката кошничка и потрошувачите да не можат да ги дозволат секојдневните потреби, рече Грнчаровска.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата