ЕУ: Напредок во преговорите со Белград ако воведе санкции за Москва

29.09.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ЕУ: Напредок во преговорите со Белград ако воведе санкции за Москва

Политичката група на социјалисти и демократи во Европскиот парламент предложи да се прифати нивниот амандман во извештајот на Европскиот парламент за проширувањето на унијата, во кој се наведува дека Србија може да напредува во преговорите за пристапување во унијата само доколку воведе санкции кон Русија и ја усогласи нејзината надворешната политика со европската.

Ова практично е корекција на синоќешното толкување на документот кој протече, а во кој беше наведено дека европскиот парламент ќе побара од Брисел да ги прекине пристапните преговори со Србија додека Србија не воведе санкции кон Русија.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата