Истрага на шведската полиција за експлозиите во гасоводите: Тешка саботажа

28.09.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Истрага на шведската полиција за експлозиите во гасоводите: Тешка саботажа

Обвинителите ќе одлучуваат за следните чекори врз основа на полицискиот извештај, изјави за Си-Ен-Ен Карл Јигланд од канцеларијата на јавното обвинителство.

Шведската полиција претходно објави дека инцидентот го третира како „тешка саботажа“, додавајќи дека „таа квалификација е предмет на промена“.

Шведската премиерка Магдалена Андресон изјави вчера дека инцидентот „веројатно е резултат на намерен чин“.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата