Интензивирана ПОТРАГАТА по лицето кое со голф 4 падна во ВАРДАР

28.09.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Интензивирана ПОТРАГАТА по лицето кое со голф 4 падна во ВАРДАР

Согласно информациите во Центарот за управување со кризи (ЦУК), добиени од ангажираните субјекти – институции од Системот за управување со кризи (СУК) и денеска од раните утрински часови потрагата е продолжена и се засилува по лицето кое со приватно моторно возило „голф 4“ падна вчера во водите на реката Врадар кај мостот во село Желино.

По добиени податоци од раководителот на Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) Тетово, од лице место на терен, како што велат од ЦУК, во потрага до 14:30 биле вклучени пет лица од Полициската станица (ПС) Јегуновце, лица од Црвен Крст-Тетово, четворица нуркачи од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), петмина вработени од Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Тетово, шест вработени од Единицата на локалната самоуправа (ЕЛС) Желино, екипа од РЦУК Тетово. Истовемено е најавено пристигнување на специјализирана нуркачка екипа од Министерството за внатрешни работи (МВР), како и екипа на Криминалистичка полиција од СВР Тетово на МВР.

Од 14:30, според официјалните извештаи добиени во Дежурниот оперативен центар (ДОЦ) на Центарот за управување со кризи (ЦУК) на терен од пладне е пристигната екипа од ДСЗ Кочани со четири лица заедно со четворица нуркачи од ДЗС Тетово, при што осум вработени  од ДЗС Тетово се во реката во потрага на исчезнатиот.  Исто така, во 13 часот од Единицата за брзо распоредување (ЕБР) е присутен тим од седум члена, а и други доброволци коишто вршат потрага на двете страни од коритото на реката Вардар. Од страна на ЦУК има побарано еден хеликоптер од МВР и тој врши пребарување  од 13:30 часот по течението на реката, почнувјќи од местото на настанот. Истовремено во потрагата се очекува интервенција од нуркачниот тим од МВР. Потрагата продолжува, а за нови податоци од лице место, како што велат од ЦУК, ќе известат по добивање на информациите.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата