„Путин прави ГРЕШКА ПО ГРЕШКА“

28.09.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
„Путин прави ГРЕШКА ПО ГРЕШКА“

Германскиот канцелар Олаф Шолц смета дека рускиот претседател Владимир Путин „прави грешка по грешка“.

Ваквата акција, смета тој, е резултат на очај и реакции на неуспесите на руската армија во источна Украина.

Тој во интервју за весникот „Оснабрикер цајтунг“ изјави дека Германија нема да прифати лажни референдуми.

На прашањето дали Путин би можел да ја оствари заканата за употреба на нуклеарно оружје, тој рече дека никој не знае, но дека американскиот претседател истото му го кажува „Немој да го правиш тоа“.

Тој рече дека Путин би можел веднаш да ја прекине војната во Украина со повлекување на војската и разговори со Киев.

Што се однесува до испораката на оружје за Украина, Шолц останува на ставот дека Украина треба да добие оружје што може веднаш да го користи преку другите земји од НАТО кои имаат оружје од руско производство, а Германија во замена ќе им го даде на тие земји оружјето.

„Германија ја поддржува Украина со сета своја сила и прави се за да спречи директен конфликт меѓу НАТО и Русија“, објасни тој и додаде дека тоа одговара на желбите на мнозинството Германци.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата