Гас од Северен поток 2 истекува во Балтичко Море

27.09.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Гас од Северен поток 2 истекува во Балтичко Море

Двата гасоводи дистрибуираат гас од Русија до Европа. Данска и Шведска денеска соопштија дека откриле дека гасоводот еден истекува на две места во Балтичко Море.

Гасоводот Северен поток два беше завршен, но никогаш не беше пуштен во употреба. Данските поморски власти вчера открија истекување на гасоводот Северен поток два и издадоа предупредување за навигација и поставија забранета зона од пет наутички милји околу гасоводот бидејќи тоа претставува опасност за бродовите.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата