БАРДИ слави јубилеј! 50. натпревар во дресот на македонската репрезентација

26.09.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
БАРДИ слави јубилеј! 50. натпревар во дресот на македонската репрезентација

Пресметката против Бугарија од последното коло на Лигата на нациите, е мал јубилеј за денешниот капитен Енис Барди. Во отсуство на Стефан Ристовски, капитенската лента се најде на раката на фудбалерот на Трабзонспорт.

Натпреварот против Бугарија за Барди ќе биде негов 50-ти во дресот на македонската репрезентација, па му посакуваме по добро да го памети и сите да славиме победа.

Поради тоа, Фудбалската федерација на Македонија реши да го испочитува играчот за врска. Барди доби врамен дрес со бројот 50, во чест на педесеттиот настап за националниот тим. 27-годишникот дебитираше за Македонија на 27 март 2015 година, досега даде 11 погодоци и запиша шест асистенции.

Токму Енис Барди е еден од носителите на играта на оваа генерација на Македонија, па така се очекува да биде и на пресметката со Бугарија. Избраниците на Благоја Милевски играат за престиж против соседите, за подобар пласман во групата.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата