„СРАМНА АРОГАНЦИЈА на Фон дер Лајен“

23.09.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
„СРАМНА АРОГАНЦИЈА на Фон дер Лајен“

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, пред парламентарните избори ја предупреди Италија за последиците доколку отстапи од демократските принципи, што лидерот на Лигата, Матео Салвини, чија партија е дел од конзервативната алијанса, ги оцени ваквите коментари како „срамна ароганција“.

Фон дер Лајен го испраќа ова предупредување до Италија пред парламентарните избори закажани за в недела во таа земја, каде се очекува победа на десничарскиот блок предводен од новинарката Џорџија Мелони.

Одговарајќи на прашање вчера на Универзитетот Принстон во САД, Фон дер Лајен ја истакна загриженоста во некои европски метрополи и сугерираше дека односите меѓу Брисел и Рим би можеле да станат турбулентни доколку Мелони и нејзините партнери обезбедат победа.

Додава дека „(ЕУ) ќе соработува со која било демократска влада што сака да соработува“, пренесува Ројтерс.

– Имаме начини да се справиме со проблемот, ги спомнав Унгарија и Полска, доколку работите тргнат во проблематична насока, изјави Фон дер Лајен.

Ројтерс проценува дека Фон дер Лајен мислела на препораката на Европската комисија за суспендирање на околу 7,5 милијарди евра финансирање на Унгарија поради корупција, што е прв таков случај во ЕУ.

ЕУ ја воведе мерката финансиски санкции пред две години како одговор на, како што вели, поткопувањето на демократијата во Полска и Унгарија, потсетува британската агенција.

Шефот на Лига, Матео Салвини, чија партија е дел од конзервативната алијанса предводена од Мелони, ги опиша коментарите на фон дер Лајен како „срамна ароганција“.

– Што е ова, закана? Почитувајте го слободниот, демократски и суверен глас на италијанскиот народ!, напиша Салвини на Твитер.

Портпаролот на Европската комисија Ерик Мамер им изјави на новинарите во Брисел дека Фон дер Лајен не сака да се меша во италијанската политика.

– Таа ја истакна улогата на Комисијата како чувар на (европските) договори во однос на владеењето на правото, објасни Мамер.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата