Раскинала веридба со БОГАТ АРАП за да биде со Федерер

22.09.2022
Vesnik.com
Раскинала веридба со БОГАТ АРАП за да биде со Федерер

Мирка Федерер, сопругата на познатиот швајцарски тенисер Роџер Федерер, важи за многу влијателна жена, како во Швајцарија, така и во светот. Иако е во јавноста, не се знае многу за животот на Мирка, освен што таа играше и тенис и имаше возбудлив љубовен живот пред да го запознае Федерер.

А, познато е и дека во нивниот брак таа прашува за се, па не е чудно што во 2021 година му забранила на Роџер да игра на Отвореното првенство на Австралија, иако не бил повреден!?

Мирка, или Мирослава Вавринцова, е родена во 1978 година во тогашна Чехословачка, а од Словачка се преселила во Швајцарија кога имала само две години. За време на тинејџерските години ја запознала Мартина Навратилова и на нејзино охрабрување почнала да игра тенис.

Но, во тенисот немаше позначајни резултати, а највисокиот пласман што го имаше, што воедно беше и врв во кариерата, го имаше во 2001 година, кога беше на 76. место меѓу најдобрите светски играчи.

Мирка до 2002 година беше професионална тенисерка, а потоа го напушти тенисот поради повреда на стапалото.

Интересна љубовна приказна ги следи Мирка и Роџер. Интересно е што Мирка е четири години постара од Роџер, а парот се запознал во 2000 година на Олимписките игри во Сиднеј.

Тие се впуштија во романса, иако Роџер во тоа време не знаеше дека Мирка во тој момент всушност била свршена со богат арапски султан. Кога сфатила дека е заљубена во Роџер, Мирка ја раскинала свршувачката.

“Роџер беше мојата најголема утеха во тие осум месеци закрепнување од повредата. Ми го врати тенискиот живот. Кога победуваше, како да победував”, изјави еднаш Мирка.

Девет години по средбата, во 2009 година, парот се венча и денес имаат четири деца, близначките Мила и Шарлин и близнаците Лео и Лени.

Додека е во чекор со сопругот на турнирите, Мирка е речиси постојано на мета на папараците и новинарите.

 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата

;