Стефковски: Во моменти на економска криза, општина Гази Баба обезбеди финансиска помош за сите првачиња

20.09.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Стефковски: Во моменти на економска криза, општина Гази Баба обезбеди финансиска помош за сите првачиња

– Летниот период го искористивме за изведување на градежно работи во голем дел на основните општински училишта во општина Гази Баба. Исто така имавме активност за реконструкција на неколку училишни спортски сали се со цел да можат учениците да ги спроведуваат  часовите по физичко и здравствено образование. Во таа насока комплетно ја реконструиравме училишната спортска сала во основно училиште Дане Крапчев, претходно имавме комплетно реконструирање на училишната сала во основно училиште Глигор Прличев во Железара. Интензивно се работи на новата училишна спортска сала во Стајковци и она кое можам да го соопштам во оваа прилика  е дека во наредниот период започнуваме со изградба на нова училишна спортска сала во населеното место Булачани. Тоа се активнoсти околу градежните работи што се во делот на образовните институции, истакна Бобан Стефковски, градоначалник на општина Гази Баба во своето гостување на македонската телевизија.

Тој во текот на своето гостување укажа дека оваа година за прв пат општината обезбеди финансиска помош во вредност од 3.000 денари за секое прваче од општина Гази Баба.

– За прв пат оваа година општината обезбеди финансиска поддршка за родителите кои имаат прваче. Обезбедивме 3.000 денари за секое прваче од општината  Гази Баба. Во овие тешки моменти на економска криза сакавме да дадеме директен стимул со цел да го обезбедат оној неопходен пакет на своите дечиња кој што им е потребен за почеток на школската година, кажа градоначалникот.

Стефковски се осврна на немилите настани кои се случија во автобусите на ЈСП  каде беа повредени ученици-жители на општина Гази Баба.

-Во оваа прилика сакам јавно да ги осудам немилите настани кои се случија во автобусите на ЈСП, каде беа повредени ученици-жители на општина Гази Баба. Откако ги добив информациите за немилите настани кои се случиле во автобусите минатата недела, веднаш како градоначалник согласно моите надлежности испратив писмен допис и остварив телефонска комуникација со полициската станица од Гази Баба каде што замолив полициските службеници да се мобилизираат, да превземат активност и да излезат на терен, да ги превенираме тензиите околу овие немили настани. Исто така одржав состанок со родителите на повредените дечиња, со цел да ја видиме состојбата што се случи, да знаеме што да преземеме конкретно во наредниот период, вели Стефковски.

Градоначалникот Стефковски при крајот на своето гостување порача: – Кога ја преземав должноста да бидам градоначалник на општина Гази Баба на моите соработници им соопштив дека транспарентноста и отчетноста треба да биде наше секојдневие, тоа го практикуваме секој ден. Гази Баба е категоризирана во институција дека има многу добра отвореност и транспарентност спрема граѓаните. Јас исто така формирав тим го општина Гази Баба кој работи на подготовка на отчетот и можам да кажам дека оваа година општина Гази Баба ќе даде  отчет на јавен настап, пред граѓаните на плоштадот во Автокоманда каде ќе може секој еден граѓанин да присуствува и да слушне што е сработено во изминатите 365 дена, но и што се плановите во наредниот период.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата