Oppo со патент за флексибилен телефон со pop-up камера

10.06.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Oppo со патент за флексибилен телефон со pop-up камера

Најновиот патент на кинеската компанија Oppo го прикажува дизајнот на флексибилен телефон, кој се преклопува нанадвор, и има предна страна која е речиси целосно покриена со екранот благодарение на камерата што се издигнува. Дизајнот, сепак, е малку поинаков од она што го нуди Oppo Find X и Oppo Reno, и сè уште нема име за него.

Патентот објавен на 7 јуни покажува поп-ап камера која е нешто поширока од повеќето кревачки камери, но сè уште е помала од камерата на Find X моделот. Ознаките на рендерите сугерираат дека ќе има најмалку две камери и еден сензор или блиц.
oppo2_26.jpg
Се разбира, патентирањето решение не значи дека ќе се имплементира во одреден производ. Oppo имаше флексибилен телефон, но одлучи да не го покаже на MWC оваа година. Беше посочено дека уредот изгледа како моделот Huawei Mate X.

извор: USB.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата