ПОСЛАБИ НАРАЧКИ ЗА iPhone 14, многу e сличен со постариот модел

12.09.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ПОСЛАБИ НАРАЧКИ ЗА iPhone 14,  многу e сличен со постариот модел

Apple ги претстави четирите модели од iPhone 14 серијата минатата недела, а во САД тие се веќе достапни во преднарачка. Познатиот аналитичар Минг-Чи Куо објави информација за тоа колку овие нови модели се нарачуваат од корисниците.

Според него, Pro моделите се покажуваат добро во споредба со ланските модели, односно iPhone 14 Pro корисниците го нарачуваат слично како ланскиот модел, додека iPhone 14 Pro Max има подобри резултати од минатата година.

За разлика од Pro моделите, обичните модели, односно основните не се покажуваат баш најдобро. Според Куо, најслабо се покажува iPhone 14 Plus, а двата односни модели имаат полоши бројки и од iPhone SE и iPhone 13 mini.

Ова и не треба многу да изненади кога ќе се земе во предвид дека Apple се одлучи да на основните модели оваа година им вклучи уште помалку карактеристики од Pro моделите. iPhone 14 работат на ланскиот A15 чип, со мали подобрувања, ја нема новата камера од Pro моделите, а ги нема ни новиот исечок, како и Always-On екранот.

Навистина се поставува прашањето зошто корисниците масовно би го купувале овој телефон, кога ќе можат за пониска цена да го купат некој од ланските модели или да се одлучат за Pro моделите.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата