Ќе завршиш како Шабан! Вака естрадната мафија му се заканува на Дарко Лазиќ поради неисплатени долгови

10.06.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ќе завршиш како Шабан! Вака естрадната мафија му се заканува на Дарко Лазиќ поради неисплатени долгови

Пеачот на еден естраден менаџер му должи сума пари од 300.000 евра.

На пеачот Дарко Лзиќ, моментално му гори под нозе поради нерасчистени односи со луѓе кои се поврзани со естрадна мафија, кои сега му се закануваат поради долгови и зборуваат дека ќе заврши како неодамна починатиот Шабан Шаулиќ.

Имено, пеачот во неколку наврати и пред удесот земал пари на заем и сметал на тоа дека ќе работи и така ќе го враќа својот долг, што на крај и не се случило. Како српски Телеграф дознава, пеачот на еден естраден менаџер му должи 300.000 евра, а тие пари ги потрошил на лекување и за купување на скапи коли и мотори.

“Дарко земал пари и неконтролирано ги трошел. Сметал на тоа дека долгот ќе го одработи со гостувања и пеење и така да го исплати. Земал пари за скапи коли, летувања и трошоци кои не биле мали бидејќи на сите им било познато дека парите ги трошел на коцка и др*га. Но во исплата на долгот, го прекинала несреќата и тогаш морал да позајмува пари за лечење, кое било многу скапо. Луѓето кои му позајмувале пари многу се налутиле бидејќи и после лекување се вратил на стариот живот а тоа на луѓето воопшто не име допаднало, а се плашат дека би можел повторно да се врати дро*а.

“Го повикале Дарко и му кажале што да прави. Прво било да сними песна и да почне да пее што побрзо, и второ ако повторно загази во пороци, нема да им треба, а долговите сигурно нема да му ги простат“.

Потсетуваме дека вонбрачниот син Роберт Омаљев изнел тврдења дека пеачот го убила естрадна мафија бидејќи не сакал да работи со нив и дека не сакал да потпише договор кои му го нуделе. Поради сето ова го побаравме Дарко, но до заклучување на бројот не се јавуваше на телефон.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата