Абазовиќ нема да поднесе оставка: „Да гласаме за половина час“

19.08.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Абазовиќ нема да поднесе оставка: „Да гласаме за половина час“

Премиерот на Црна Гора, Дритан Абазовиќ изјави дека реконструкцијата на Владата не може да се финализира на средба која ќе трае 15 минути.

Тој додаде дека една значајна политичка група (Демократите) не била присутна на состанокот.

„Иницијативата на ДПС произлезе како резултат на потпишувањето на Основниот договор, ова не го направив за гласови, поддршка, Влада, туку за помирување на народот на Црна Гора, особено православниот, и горд сум на тоа. Ако некој вечерва сака да направи мнозинство со ДПС немој повеќе да се јавувате на ГП УРА. Вечерва имаме опција да гласаме и да не гласаме за иницијативата на ДПС. Ако падне владата вечерва со среќа. Сакам да го симнам тој притисок од себе. Ако падне владата немојте пак да ни се јавите.. „Никој не можеше да направи повеќе за сто дена. Јас нема да поднесам оставка, бидејќи ќе гласаме за половина час. Падот на влада и оставка се исто“, рече Абазовиќ.

Фото: BORIS PEJOVIC

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата