Истражување: Седум од десет Германци трошат помалку енергија поради инфлацијата

19.08.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Истражување: Седум од десет Германци трошат помалку енергија поради инфлацијата

Во април уделот на оние кои трошеле помалку енергија изнесувал 63 отсто, покажува истражувањето на Infratest dimap за телевизијата АРД, во кое учествувале 1.273 граѓани.

Домаќинствата со пониски примања најмногу ги менуваат своите навики, па така две третини од нив ги намалиле секојдневните набавки и трошењето за слободни активности и одмор.

Повисоките животни трошоци ги промениле и приоритетите на домаќинствата со просечни примања, па буџетот за рекреативни активности е намален за 50 отсто, покажува истражувањето објавено вчера.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата