Како изгледа еден од НАЈУБАВИТЕ АВТОПАТИ ВО СВЕТОТ (ВИДЕО)

19.08.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Како изгледа еден од НАЈУБАВИТЕ АВТОПАТИ ВО СВЕТОТ (ВИДЕО)

Автопатот Хепу-Напо, кој се протега низ југозападниот кинески регион Гуангкси, е навистина посебен. 

Кина е земја со многу убави локации и прекрасни автопати. Сепак, автопатот Хепу-Напо, кој се протега низ југозападниот регион Гуангкси, е навистина посебен. 

Бетонската структура претставува силен контраст со густите шуми и ридови кои ја опкружуваат и создава прекрасна глетка на која тешко може да се одолее, пренесува Punkufer. 

Згора на тоа, светските медиуми го прогласија автопатот С60 кој се наоѓа во близина на границата со Виетнам за еден од најубавите во светот. 

Иако често изгледа празен на снимките од воздух, автопатот е изграден со поглед кон иднината. Најнаселената земја во светот има 1,4 милијарди жители, од кои четириесет проценти живеат во рурални области. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата