Три од децата од автомобилот кој се заби во бандера и жардиниера на Водњанска се во ЖИВОТНА ОПАСНОСТ

19.08.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Три од децата од автомобилот кој се заби во бандера и жардиниера на Водњанска се во ЖИВОТНА ОПАСНОСТ

Три од четирите деца кои со „форд мондео“ околу 4 часот по полноќ се забиле во метална бандера и бетонска жардиниера на булеварот „Мајка Тереза“, познат како „Водњанска“, се со многу тешки повреди и во животна опасност, потврдуваат за Канал 5 од ТОАРИЛУЦ Клиниката за трауматологија, ортопедија, анестезија, реанимација, интензивно лекување и ургентен центар.

Двајца од нив се во операциона сала, а лекарите се борат за да ги спасат нивните животи, велат оттаму.

Во меѓувреме, 15-годишникот кој го управувал возилото е во стабилна состојба и завршил само со скршеници на потколеницата, информираат од „Осми септември“, градската болница каде тој бил донесен по незгодата.

Утринава во 04:20 часот било пријавено дека на крстосницата од бул.”Мајка Тереза”, со ул.”Тодор Александров” и ул.”Белградска” патничко моторно возило “форд мондео” со скопски регистарски ознаки, управувано од малолетник од Скопје, удрило во метална канделабра и бетонска жардиниера, информираат од полицијата.

Со тешки телесни повреди се здобиле малолетникот што го управувал возилото и уште тројца малолетни сопатници, од кои еден од Струмица, а двајца од Скопје). Примени се во Градската општа болница “8-ми Септември” и Комплексот клиники “Мајка Тереза”.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата