СКАНДАЛ ОД ОГРОМНИ РАЗМЕРИ ЈА ТРЕСЕ ГЕРМАНИЈА: Шолц сослушан во Хамбург, еве што имал да каже!

19.08.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
СКАНДАЛ ОД ОГРОМНИ РАЗМЕРИ ЈА ТРЕСЕ ГЕРМАНИЈА: Шолц сослушан во Хамбург, еве што имал да каже!

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска на сослушување пред истражниот комитет на Сенатот во Хамбург ги отфрли обвинувањата за вмешаност во случајот за даночно затајување на хамбуршката приватна банка „Варбург“, додека бил на чело на тој град.

– Немав никакво влијание врз даночниот случај на банката Варбург, изјавил Шолц при неговото второ појавување пред истражната комисија на парламентот во Хамбург за аферата „кам-Екс“, еден од најголемите повоени германски корпоративни скандали, пренесува Ројтерс. Во „кам-екс“ скандалот станува збор за банки кои им помагале на своите клиенти да избегнат данок на добивка од дивиденди. Контроверзни се средбите на Шолц со претставници на банката „Варбург“ во 2016 и 2017 година, кога тој беше градоначалник на Хамбург.

– Нема ни најмало навестување дека сум се согласил со нешто, рекол Шолц, алудирајќи на други сведоштва пред комисијата, додава британската новинска агенција.

Шолц навел дека градотдржава Хамбург не претрпела никаква штета, а банката подоцна ја платила казната, додавајќи дека се надева дека по неговото денешно сведочење ќе се престане со обвинувања кои не се засновани на факти.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата