ШОК ФОТКА од плажа во Улцињ! Ова сигурно ниту сте го виделе ниту ви паднало на памет

19.08.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ШОК ФОТКА од плажа во Улцињ! Ова сигурно ниту сте го виделе ниту ви паднало на памет

За цените на лежалките годинава во Црна Гора многу се зборува, а дури и премиерот на оваа земја Дритан Абазовиќ пред неколку недели изјави дека „цените на приморјето се како на Азурниот брег“.

За комплет лежалки и чадор, во најдобар случај, треба да потрошите 10 евра, но цените се движат од 20, 30, 50, па и 100 евра на некои плажи.

Сепак, изгледа дека високите цени не се пречка за уживање за многумина, а вие треба да знаете како да се снајдете во одредени ситуации.

Затоа деновиве на социјалните мрежи кружи урнебесна фотографија, наводно направена во Улцињ, на која се гледа човек кој си нашол место под лежалката на својот пријател.

 

Ulcinj

Во сенка е, удобно е и меко, а и бесплатно!

Фотографијата е објавена на популарната страница на Инстаграм „Подгорички времеплов“ со интересно објаснување „Заштеда“, а собрала бројни коментари и лајкови.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата