Најмалку 15 луѓе загинаа при ракетирање на пазар во Сирија

19.08.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Најмалку 15 луѓе загинаа при ракетирање на пазар во Сирија

Нападот во Ал Бабу се случи откако пред неколку дена при турски воздушен напад загинаа 11 сириски војници и курдски борци.

Сириската опсерваторија за човекови права за нападот во Ал Бабу ги обвини сириските владини сили, истакнувајќи оти тоа е одмазда за турскиот воздушен напад.

Турција од 2016 година започна три големи прекугранични операции во Сирија и контролира поединечни делови во северниот дел на Сирија, меѓу кои и Ал Бабу.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата