Стружанец од ЗАТВОР си подигал кредити со туѓи податоци

19.08.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Стружанец од ЗАТВОР си подигал кредити со туѓи податоци

СВР Скопје поднесе кривична пријава против П.С.(30) од Струга, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело ,,злоупотреба на лични податоци“.

Во текот на декември 2021, пријавениот со намера да се стекне со имотна корист, спротивно на условите утврдени со закон, во два наврата додека издржувал казна затвор во Казнено-поправната установа Штип, користејќи туѓи податоци без согласност на граѓанин, ги употребил податоците на С.Т. од Пробиштип и аплицирал за кредит во правно лице од Скопје при што се стекнал со противправна имотна корист.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата