На Табановце се чека по ЕДЕН час, а на Богородица по 40 минути

19.08.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
На Табановце се чека по ЕДЕН час, а на Богородица по 40 минути

Сообраќајот на државните патишта, велат од АМСМ, се одвива непречено, по суви коловози, а интензитетот на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

На ГП Табановце се чека околу 60 минути, а на ГП Богородица се чека околу 40 минути за влез и излез од државата. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Од АМСМ информираат и дека во периодот од 18.08.2022 до 12.09.2022 на патниот правец Охрид – Ресен преку Галичица поради изведување градежни работи (асфалтирање) сообраќајот ќе биде во прекин помеѓу 09:00 и 15:30 часот. Работите ќе се изведуваат само во работни денови. Од 09.08.2022 до 26.08.2022, пак, на патниот правец раскрсница Маврово – Галичник Р- 2238 поради изведување градежни работи (асфалтирање) сообраќајот е во прекин помеѓу 10:00 и 16:00 часот. Работите се изведуваат само во работни денови.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата