Финската премиерка СЕ ТЕСТИРАШЕ ЗА ДРОГИ, резултати следната недела

19.08.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Финската премиерка СЕ ТЕСТИРАШЕ ЗА ДРОГИ, резултати следната недела

Финската премиерка Сана Марин денеска на прес-конференција соопшти дека направила тест за дрога откако социјалните мрежи беа преплавени со нови снимки од нејзиното ноќно забавување, пишува BBC.

Резултатите од тестот на кој таа беше подложена денеска ќе бидат достапни следната недела. Таа повторно ги отфрли тврдењата дека некогаш користела дрога.

– Не направив ништо незаконско. Ниту во тинејџерските години не користев дроги – изјавила таа.

Имено, Марин тоа го направила на покана на финскиот пратеник Мико Керна, од нејзиниот коалициски партнер, Партијата на Центар.

Да потсетиме, финската премиерка Сана Марин повторно беше мета на критики откако во јавноста излезе уште едно нејзино видео. Претходно во финските медиуми веќе беше објавено видео, комбинирано од неколку приказни на Инстаграм, каде што може да се види како премиерката на Финска се забавува во приватен стан, а новото видео ја прикажува Марин во ноќен клуб како танцува со непознат човек.

На видеото, 36-годишната премиерка може да се види како танцува со рацете околу вратот на маж за кој финските медиуми претпоставуваат дека е кантавторот од земјата Олави Уусивирт, пишува  Daily Mail.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата