Две девојчиња и три жени загинаа во големото невреме во Австрија, блокирани се возовите (ВИДЕО)

19.08.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Две девојчиња и три жени загинаа во големото невреме во Австрија, блокирани се возовите (ВИДЕО)

Возовите не сообраќаат во австриските провинции Корушка и Штаерска, откако ветровите со брзина до 140 километри на час ги урнаа столбовите за струја. Возовите од Виена до Венеција се пренасочени преку Салцбург, а во прекин се и регионалните возови.

Автопатот А2, кој претходно беше затворен поради паднати дрвја и прекин на електричната енергија во тунелите, повторно е отворен. Две деца загинале вчера, а десетина луѓе се повредени, од кои некои потешко, при пад на дрвја во близина на езеро во Корушка, во Св. Андри.

„Тоа нѐ погоди сосема неочекувано“, изјавил сведок за весникот „Клајн цајтунг“. Полицијата објави дека уште три жени загинале додека планинареле во Гаминг во Долна Австрија откако врз нив паднало дрво.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата