ССМ со илустрирација покажаа што значи просечната плата во Македонија

19.08.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ССМ со илустрирација покажаа што значи просечната плата во Македонија

Власта се пофали дека платите растат, а ССМ бара повисоки плати или ќе има радикализација од септември.

Следниот пат кога претставник на Владата ќе се пофали со просечната плата, да го разбере значењето на истата, наведуваат од Сојузот на синдикати на Македонија(ССМ) и објавуваат фотографија на која се гледа дека пред еден човек има месо, а пред друг само коска.

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во јуни годинава  била 31.869 денари и во однос на јуни лани е зголемена за 10,9 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.

Просечната плата расте и во споредба со месец мај, кога истата изнесувала  31.407 денари.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата