Спречено криумчарење на 700 кг КАНАБИС во вредност од 20 милиони евра – Поднесенакривична пријава

19.08.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Спречено криумчарење на 700 кг КАНАБИС во вредност од 20 милиони евра – Поднесенакривична пријава

Секторот за контрола и истраги при Царинската управа денеска поднесе кривична пријава до надлежното Основно јавно обвинителство против едно правно лице и четири физички лица, поради основано сомнение дека сториле кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ и „криумчарење“.

На 11 август во Царинската испостава Гевгелија, при извршена дополнителна контрола при увоз пронајдена е сецкана тревкаста материја, за која по направениот тест е утврдено присуство на психоактивна компонента која влегува во составот на растението канабис.

Со откривањето и спречување на обидот за криумчарење на оваа стока, како што информираше денеска Царинската управа, спречено е неовластено производство и пуштање во промет на 7000 килограми цвет од канабис, којшто на нелегалниот пазар на наркотични средства би достигнал вредност од над 20 милиони евра.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата