Прво го потврдија, а 40 часа подоцна го отпуштија

19.08.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Прво го потврдија, а 40 часа подоцна го отпуштија

Шпанскиот напаѓач Пако Алкасер е слободен фудбалер откако беше ослободен и од Виљареал и од неговиот нов клуб Ал Шарџа од Обединетите Арапски Емирати. Неочекуван пресврт во трансферот на напаѓачот кој од Виљареал отиде во Ал Шарџа како позајмен фудбалер со опција за откуп на договорот.

Тој патуваше 8 часа за да стигне до ОАЕ, се фотографираше со дресот на новиот клуб, се ракуваше со раководството се израдува на трансферот. 40 часа подоцна клубот се премисли. Не го сака Пако и го отпуштија. Назад во Шпанија каде што во меѓувреме Виљареал го прекина неговиот договор, па сега напаѓачот е слободен играч и е во потрага по нов клуб.

 

sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата