Собранието на Црна Гора денеска ќе гласа за иницијативата за смена на Владата на Абазовиќ

19.08.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Собранието на Црна Гора денеска ќе гласа за иницијативата за смена на Владата на Абазовиќ

Смената на Владата, само 50 дена по нејзиното формирање, побараа 36 претставници на Демократската партија на социјалистите, Социјалдемократската партија, Социјалдемократите , Либералната партија  и Демократскиот сојуз на Албанците, што не е доволно мнозинство за гласање недоверба.

За пад на Владата потребен е гласот на 41 од вкупно 81 пратеник во парламентот на Црна Гора. Седницата е закажана за 11 часот. На резултатот од гласањето може да влијае ставот на Демократите на поранешниот претседател на Собранието Алекса Бечиќ, кои имаат девет пратеници.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата