ИЛИЈА: Пресвртот во Македонија, треба да почне од Тетово

18.08.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ИЛИЈА: Пресвртот во Македонија, треба да почне од Тетово

Носителот на листата со кандитати за советници на ВМРО ДПМНЕ Ангел Карапетров заедно со членот на Извршен комитет Илија Димовски и останатите кандидатите за советници остварија среда со потомците на прогонетите Македонци од егејскиот дел и со стари тетовци.

На средбите беа дискутирани актуелните проблеми со кои се соочуваат граѓаните како и нивните идејни решенија преку гласот на советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ.

-Еден апел до сите тетовчани, овие избори се важни за сите граѓани на Тетово, за Македонците, за Аланците, за Турците, за Ромите, за сите кои живеат во Тетово, но се значајни од аспект на тоа дека секој треба да си го најде своето место во Тетово на секој гласот да се слуша и секој да може да овозможи на своите луѓе на своите сограѓани, на своите комшии, да се направи улица, да се направи осветлување, на младите да им се пружи можност повеќе во овој град и да нема никакво чувство на било каква дискриминација по основ на етничка состојба. Досегашната работа на советот во кој ВМРО- ДПМНЕ имаш значајна улога, покажа дека тука и Македонците може да си го најдат своето место во Општината и преку своето политичко ангажирање да обезедат подобри услови за граѓаните на Тетово за сите граѓаните. Улогата на ВМРО -ДПМНЕ и во следниот состав треба да биде клучна за да може граѓаните да добијат она што го заслужуваат, порача Илија Димовски.

Тој најави дека со победата на ВМРО ДПМНЕ во Тетово се најавува и политички пресврт во Македонија.

-Политичката есен во Македонија, пресвртот, треба да почне од Тетово. Сите оние граѓаните кои се чувствуваат незадоволни од економската ситуација, од национални предавства, од корупцијата можат да дадат поддршка за оваа советничка листа предводена од Ангел Карапетров и да го почнат падот на оваа штетна власт за Македонија, порача Димовски.

Фото: ФБ

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата