НУСРЕТ НА МАКА! Гостите се жалат од оброците на славниот готвач, кои чинат колку еден добар стан

18.08.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
НУСРЕТ НА МАКА! Гостите се жалат од оброците на славниот готвач, кои чинат колку еден добар стан

Нусрет Гокче стана многу популарен на социјалните мрежи каде ја промовира специфичната храна што ја подготвува и начинот на кој ја послужува. Многу познати личности како и луѓе кои можат да си дозволат скапа храна имаа голема желба да ја пробаат неговата храна. Тој стана познат во 2017 година, а поради неговата уникатност, брзо стана високо ценет и баран. Највпечатливиот дел од неговиот настап е начинот на кој ја посолува храната.

Нусрет Гокче има цел синџир на стек-хаус ресторани во неколку турски градови, како и во Дубаи, Њујорк, Миконос, а служел ѕвезди како Антонио Бандерас, Томи Хилфигер, Ашер, Андреа Бочели, Ал Пачино, Марк Валберг, Малума и многу други…

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nusr_et#Saltbae (@nusr_et)

Минатата година тој отвори ресторан во Лондон, кој беше на удар на критики поради лошата услуга, невкусната храна и огромните цени. Некои гости добија сметка од 37.000 фунти, што би изнесувало нешто повеќе од 2,5 милиони денари.

Еден разочаран гостин напиша: „Суво, суво, суво. Блуткаво. Очигледно штедат на сол – како и на сите други видови вкусови. Губење пари. Лажго од социјалните мрежи. Жал ми е за луѓето кои се убедени дека ова е добра храна.”

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nusr_et#Saltbae (@nusr_et)

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата