Баба Тања внукот си го носи секаде со себе!

18.08.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Баба Тања внукот си го носи секаде со себе!

Актерката Тања Кочовска во мај стана баба, на малечкиот Јоаким. Внукот од нејзиниот син Александар и снаата Моника е новата љубов на актерката од која таа не се дели.

Периодов се на семеен одмор во Елен Камен во Струга, а дека каде оди внукот со себе го води сведочи и оваа шеговита фотка што актерката ја објави на социјалните мрежи. Имено, Тања тргнала на прошетка со насмевка на лицето и внукот во чантата.

Опис на фотката не ставила, ама нели се вели – Една фотографија, илјада збора!

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата