Кога од Јунајтед чуле што бара мајката на Рабио, веднаш избегале…

18.08.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Кога од Јунајтед чуле што бара мајката на Рабио, веднаш избегале…

Францускиот фудбалер Адриен Рабио нема да оди во Манчестер Јунајтед поради неговата агентка, мајка му Вероник Рабио. „Ѓаволите“ бараат засилување во средниот ред, откако не можат да го ангажираат Френки де Јонг, па се свртеле кон Рабио од Јувентус меѓутоа тоа нема да се случи.

Кога двете страни седнале да разговараат за условите, од Јунајтед останале стаписани од барањата на Вероник за својот син.
Според информациите од англиските медиуми, Вероник барале меѓу осум и десет милиони евра премија и провизија за посредување при трансферот, што за луѓето од Манчестер било неприфатливо. Тие заминале разочарани со што ги прекинале преговорите и можноста да го ангажираат францускиот играч.

Претходно се договориле со Јувентус за трансфер вреден 20 милиони евра плус бонуси, како и плата од 10 милиони евра на годишно ниво за фудбалерот. Сепак, мајка му ги замрсни сметките на младиот фудбалер.

sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата