Германија на потрошувачите им воведува данок на плин

15.08.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Германија на потрошувачите им воведува данок на плин

Високите цени на енергијата станаа доминантно политичко прашање во најголемата европска економија, бидејќи трошоците за живот вртоглаво растат, делумно поради војната во Украина. Надоместокот е поставен од Trading Hub Europe, тело формирано од различни дистрибутери на гас во земјата.

Надоместокот е наменет да им помогне на увозниците на гас кои треба да купуваат поскап гас од добавувачите надвор од Русија и да не претрпат огромни загуби. Надоместокот официјално ќе стапи на сила на 1 октомври, но се очекува да влијае на сметките за гас до ноември или декември поради регулативите кои ги штитат потрошувачите од промените на цените.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата