Ливерпул и втор меч без победа – бод од „Енфилд“ си однесе Палас (видео)

15.08.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ливерпул и втор меч без победа – бод од „Енфилд“ си однесе Палас (видео)

Еден од кандидатите за титулата во Англија екипата на Ливерпул не успеа да победи и во второто коло на Премиер лигата. По ремито со Фулам на „Крејвен Котиџ“, вечерва четата на Јирген Клоп освои само бод против Кристал Палас и тоа на својот „Енфилд“.
Гостите поведоа со голот на Вилфред Заха во 32. минута. Во 57 минута Дарвин Нуњез направи глупост и падна на провокација поради што доби директен црвен картон. Уругваецот со глава го удри противничкиот дефанзивец Андерсен кој претходно му префрли нешто и за тоа си доби само жолт картон.
Сепак „Црвените“ спасија само бод со голот на Луис Диаз во 61. минута. Фулам имаше прекрасна шанса за победа но ударот на Заха заврши во статива. Имаше и Ливерпул уште неколку шанси за пресврт но топката не заврши во мрежата. За издвојување се двата удари на Салах и едниот на Фабио Карваљо кои завршија покрај голот.
Наредното коло Ливерпул ќе игра со Манчестер Јунајтед, а Палас, кој го впиша првиот бод сезонава, ќе се соочи со Астон Вила.

 

На „Енфилд“ реприза од легендарниот дуел Зидан-Матераци (видео)

sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата