Ние потврдивме дека КИРИЛ И МЕТОДИ СЕ БУГАРИ! Според тоа Скендербег е Турчин

15.08.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ние потврдивме дека КИРИЛ И МЕТОДИ СЕ БУГАРИ! Според тоа Скендербег е Турчин

Додека целиот словенски свет, од Чешка и Словачка, преку Русија па се до Ватикан Кирил и Методиј ги смета за словенски просветитители, само Бугарија ги присвојува за свои – бугарски. Сега Македонија им дава ветар во едрата на бугарите и потврда дека Кирил и Методиј се Бугари признавајќи им етничка припадност на бугарската историја.

Делото на Кирил и Методиј се чувало и развивало во Охрид кој бил во средновековна бугарска држава, стои во ,,Препораките за заедничко одбележување на историски личности”, усвоени од Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања усвоени од страна на Заедничката меѓувладина комисија.

Комисијата формирана согласно Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Македонија и Бугарија смета дека делото на светите Кирили Методиј се сочувани и развивало во Охрид и Преслав кои дотогаш биле дел од средновековна бугарска држава.

Со ваква дефиниција Македонија и во обострана комуникација и прес светот и дава за право да тврди дека двајцата светци и просветители биле Бугари.

Делот за Кирил и Методиј во препораката на комисијата за историски и образовни прашања за кој се согласиле и македонските членови на комисијата предводени од Драги Георгиев кој е директор на Институтот за историја.

,,Мисионерското дело на Светите браќа Кирил и Методиј ги поставува основите на христијанската култура и духовност на словенските народи.

Прифаќањето и ширењето на писменоста и преводите на богослужбените книги им овозможува на словенските народи да се запознаат со христијанското учење на разбирлив јазик. Делото на Св. Кирил и Методиј е сочувано и развивано во книжевните центри Преслав и Охрид, кои тогаш се наоѓале на територијата на средновековната бугарска држава, каде што нивните ученици наоѓаат услови за работа. Тоа дава суштествена основа на современите држави Република С. Македонија и Република Бугарија заеднички да го одбележуваат денот на Св. Кирил и Методиј.

Бурните културни процеси, кои започнуваат во текот на 19. век, наоѓаат израз и во засилениот интерес кон животот и делото на Св. Кирил и Методиј. Во средината на 19. век сеќавањето за Св. Кирил и Методиј станува дел од светската културна традиција, а денот на нивниот црковен празник започнува да се одбележува во училиштата.

За првпат тоа се случува во Пловдив во 1851 година. Процесот на духовно будење и еманципација наоѓа израз во сеприсутното одбележување на празникот во многу училишта на територијата на современа Република С. Македонија и Република Бугарија. Следствено, делото на Св. Кирил и Методиј и нивните ученици започнува да се одбележува и во други словенски земји, а нивниот придонес за европската цивилизација е признат и од Католичката црква, која ги прогласи за заштитници на Европа.

До сега кажаното дава основа и ги задолжува двете држави со одговорност за зачувување на сеќавањето за делото на Св. Кирил и Методиј и нивните ученици преку годишни заеднички чествувања.

А во чие царство живееле Крали Марко, кој според оваа логика е Србин. Скендербег е Турчин, Мајка Тереза е Србинка… а сите наши историски личности од Егејска Македонија, според стандардите на нашата историска комисија, се Грци. Само тие родени во Македонија, според комисијата, по 1944 година – се македонски истириски личности. Бугарите добија свои соработници во македонската историската комисија, македонските интереси не ги застапува – никој.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата