Сопругата на емирот од Катар има 7 ДОКТОРАТИ, 5 СИНА и 2 ЌЕРКИ: Нејзиното модно правило е – „Колку ПОСКАПО, толку ПОДОБРО“

15.08.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Сопругата на емирот од Катар има 7 ДОКТОРАТИ, 5 СИНА и 2 ЌЕРКИ: Нејзиното модно правило е – „Колку ПОСКАПО, толку ПОДОБРО“

Моза бинт Насер има 63 години, мајка на седум деца, баба на неколку внуци, сопруга на емирот на Катар и жена која е сериозен пример за елеганција и стил. Покрај неа, катарскиот емир има уште две сопруги, но Монзах се издвојува како најобразована, не само во нивната куќа, туку и во целиот арапски свет.

Таа неколку пати нагласила дека најважна титула за неа е онаа на мајка на нејзините деца, а има пет сина и две ќерки.

Кога имала само 18 години, се омажила за емирот на Катар, и тоа во 1977 година. Во тоа време била студентка на Универзитетот во Катар, а дипломирала социологија девет години по мажењето.

Мозах одлично го применува знаењето во пракса, таа е активна во многу организации, како што се Арапската демократска организација, Организацијата за образование, наука и развој на заедницата и разни програми за помош на децата, поради што се претставува како политичар и активист.

Значајна е нејзината работа во „Фондацијата Катар“, со која раководи нејзиниот сопруг, кој го изгради „Градот на образованието“ во Доха и донесе американски факултети во Катар.

Во Газа, Моза иницирала изградба на голем број образовни институции, а нејзината работа доведе до тоа оваа жена да има седум почесни докторати. Често го придружува сопругот на неговите службени патувања.

Светската јавност ја привлече со својот беспрекорен стил, но и со својот став кој секогаш јасно го искажуваше додека држеше говори во водечки политички и општествени институции.

За неа се вели дека е најголемата љубов на шеикот Хамад бин Калифа ал Тани, а нивниот син Тамим, иако не е првородено дете на катарскиот владетел, е прогласен за престолонаследник и ја носи титулата актуелен емир.

Свое мислење за стилот на првата дама на Катар имаше и „Вог“, кој ја вброи во петте најдобро облечени жени во светот. „Венити фер“ ја прогласи најдобро облечена дама со сина крв, а за Џулиен Мекдоналд таа е уште една Џеки Кенеди.

Моза е една од ретките дами која носи парчиња висока мода 365 дена во годината, а „Шанел“, „Живанши“, „Диор“ се нејзините омилени модни куќи.

Нејзиното Височество купува парчиња кои чинат меѓу 20.000 и 30.000 долари, а специјално дизајнираната облека за неа може да чини и до 100.000 долари. Некои извори тврдат дека во нејзината резиденција се крие вистинско модно богатство.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата