Федерер далеку од ГОСПОДИН! Со татко му бил скаран, пцуел како клошар и по казна чистел вециња

15.08.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Федерер далеку од ГОСПОДИН! Со татко му бил скаран, пцуел како клошар и по казна чистел вециња

Еден од најдобрите тенисери на сите времиња, Роџер Федерер, е познат како прилично мирен, присебен и ладнокрвен играч. Меѓутоа, во младоста тој бил чиста спротивност. Темпераментен, запалив, плашлив… така го опишале оние кои го познаваат уште од почетокот на неговата кариера. И не само тоа, Роџер плачел по секој пораз.

– Роџер имаше проблем да разбере дека и другите играат добро, изјави еден од луѓето во неговиот прв клуб во Базел.

Деновиве светлината на денот ја видоа две приказни од неговата младост.

– За време на една од спаринг сесиите, Федерер толку многу пцуел што татко му Роберт само ставил пет франци на клупата и му рекол да си го најде патот до дома со автобус. Татко му често му велел да престане со неговите испади и да молчи. Потоа ќе возел час или час и половина на пат кон дома и не кажувал ни збор.

Инаку, Роберт му рекол на Роџер дека ќе му помогне финансиски во кариерата, но дека мора да се врати на училиште доколку до 20-тата година не е во топ 100.

– Не ми беше проблем да го ветам тоа, тврди Федерер.

Федерер еднаш морал да ги исчисти тоалетите, и тоа поради казна.

Во швајцарскиот национален тениски центар во Бил, нов и штотуку стокмена, зад теренот била поставена нова завеса, скапа и квалитетна на која биле испечатени спонзорите на Федерацијата. Играчите биле строго предупредени да не ја оштетат завесата на кој било начин. По фрустрирачки половина час вежбање, Роџер замавнал со рекетот и – ја скинал завесата. Како нож низ путер. Роџер мислел дека ќе биде исфрлен, но Свен Гренвелд, кој тогаш работел во Центарот и имал големо влијание врз Федерер, бил поблаг.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата