Kритики за црногорската полиција – Како дозволиле жена со торби да загине во гужвата?

15.08.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Kритики за црногорската полиција – Како дозволиле жена со торби да загине во гужвата?

За масакрот кој во петокот се случи во црногорскиот град, Цетиње, очевидците зборуваат дека лошото обезбедување на полицијата дозволило жена со торби која поминувала да стане мета на напаѓачот и така да се вброи меѓу 10-те жртви, пишува Индекс.

„Кога полицијата веќе била на критична локација и наводно го обезбедувала местото, како што инсистира началникот на полицијата во Цетиње Далибор Шабан, еден од очевидците видел жена, со торби во рацете, како непречено оди кон нејзината куќа во Медовина. Полицајците не ја спречиле, не ѝ го ограничиле понатамошното движење ниту ја предупредиле и на тој начин таа влегла во зоната на дејство на оружјето на Бориловиќ. Тој пукал во нејзина насока и ја убил“,  изјави очевидецот Александар Саша Зековиќ од Цетиње, за Побједа, инаку координатор на Граѓанската иницијатива „21. мај“.

Тој додава и дека има повеќе примери за несоодветно обезбедување на критична локација и за тоа, како што најави, ќе зборуваат граѓани-очевидци.

Сведок на трагедијата вчера стапил во контакт со Антена М и им врачил отпечаток од телефонски повици со кои се потврдува дека тој ја известил полицијата за пукањето во петокот во 15 часот и 22 минути. Но, полицијата тврди дека првиот повик дошол осум минути подоцна, во 15 часот и 30 минути, а дека полицајците на местото стигнале за три минути.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата