Фронтменот на Металика се разведува по 25 години брак

15.08.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Фронтменот на Металика се разведува по 25 години брак

Тој претходно оваа година поднел барање за развод од сопругата Франческа Хетфилд, пишуваат американските медиуми. Џејмс и Франческа се венчале на 17 август 1997 година, а музичарот често забележувал дека неговата сопруга е неговата најголема поддршка во тешките моменти, вклучувајќи ги и битките со зависноста. Заедно имаат три деца.

Во подкаст во 2016 година, тој рече дека неговата сопруга во еден момент го избркала од куќата поради неговата зависност. „Мојата сопруга ја направи вистинската работа, ме избрка од дома и тоа ме исплаши до смрт. Таа рече: еј, не одиш само кај терапевт да зборуваш за ова, туку треба да одиш некаде и да се справиш со ова сра*е“, така направив“, рече тој.

Музичарот се уште не ги коментирал написите за разводот.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата