Повредените деца од превртениот автобус во Бугарија, пристигнаа во Србија

15.08.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Повредените деца од превртениот автобус во Бугарија, пристигнаа во Србија

Покрај медицинската придружба, со нив пристигнал и д-р Тома Томов од Министерството за здравство на Бугарија.

Речиси истовремено седум возила на итната помош од Ниш пристигнаа на граничниот премин Градина од правец на Србија.

Покрај лекарите и медицинскиот персонал, со нив бил и директорот на Итната помош во Ниш, Славољуб Живадиновиќ.

Откако граничната полиција извршила пасошка контрола, децата од бугарските амбулантни возила биле префрлени во српската брза помош. Некои деца биле на нозе и со помош на медицинските работници сами влегле во амбулантните возила. Тие имале претежно повреди на главата, но неколку деца биле на носилки и биле префрлени на носилки на Итната помош во Ниш и на тој начин донесени во амбуланта.

Лекарот од болницата во Стара Загора, Георги Дејанов, рече дека овие седум деца имаат полесни повреди во вид на исеченици, набиеници и дислокации на екстремитетите, но дека во Бугарија има уште неколку деца кои се здобиле со посериозни повреди и ги има и во други болници.

Тој рече дека децата се многу истрауматизирани, а траумата во моментов е главен проблем и дека ќе им биде потребна психолошка поддршка.

– Лекарите во Стара Загора се грижеа за повредените деца. Тие оценија дека нивната состојба им дозволува да бидат транспортирани. За жал, тие се многу исплашени, не затоа што повредите се тешки, туку затоа што тие самите се исплашени. Немаше никакви проблеми при транспортот, сѐ беше осигурано за нив, еден лекар беше со нив, ги повикавме сите наши лекари од одмор за да се справиме со ситуацијата и јас патував со нив за сѐ да помине добро .

Сакаме да им се заблагодариме и на нашите полицајци кои нѐ придружуваа. Се надеваме дека брзо ќе закрепнат, ќе оздрават и ќе имаат убави спомени од Бугарија – рече тој, објави српски Телеграф.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата