Британците први ја одобрија новата ДВОВАЛЕНТНА ВАКЦИНА против Ковид-19 која делува на основната и на Омикрон варијантата

15.08.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Британците први ја одобрија новата ДВОВАЛЕНТНА ВАКЦИНА против Ковид-19 која делува на основната и на Омикрон варијантата

ВЕЛИКА БРИТАНИЈА е првата земја која што ја одобри вакцината против коронавирусот која цели на основната и омикрон варијантата.

Британската регулаторна управа за лекови (MHRA) ја одобри таканаречената бивалентна вакцина дизајнирана од американската фармацевтска компанија Модерна за вакцинирање на возрасни.

Одлуката на агенцијата се заснова на резултатите од клиничките испитувања кои покажаа дека бустерот предизвика силен имунолошки одговор и против омикрон БА.1 и против оригиналниот вирус, кој се појави во 2020 година, се вели во соопштението.

Агенцијата посочува дека научната анализа утврдила дека вакцината создава добар имунолошки одговор против моментално доминантните варијанти на омикрон BA.4 и BA.5. Во соопштението на (MHRA) се наведува дека новата формула на вакцината не предизвикува сериозни несакани ефекти.

Додека постоечките вакцини сè уште обезбедуваат добра заштита кога станува збор за хоспитализација и смрт, ефективноста на вакцината е ослабена како што вирусот еволуира.

„Првата генерација вакцини против Ковид-19 што се користат во ОК продолжуваат да обезбедуваат голема заштита од болести и спасуваат животи“, рече извршниот директор на MHRA, Џун Рејн.

„Новата двовалентна вакцина ни нуди поостра аоружје за заштита од оваа болест, додека вирусот продолжува да се развива“, додаде таа.

Официјални лица на Европската агенција за лекови (ЕМА) очекуваат дека вакцините приспособени на варијантите на Ковид -19 ќе бидат одобрени во Европската унија до септември. Тие рекоа дека агенцијата ќе ја разгледа можноста за одобрување вакцина насочена кон постарата омикронска варијанта BA.1 оваа есен, имајќи предвид дека вакцините што конкретно ги таргетираат поновите подваријанти на омикрон само што ги поминале клиничките испитувања.

Во исто време, американската Администрација за храна и лекови (ФДА) објави дека ќе бара од сите нови вакцини што се користат во Америка да ги вклучат оние против омикронските подваријанти BA.4 и BA.5.

Покрај Модерна, партнерите Pfizer-Inc и BioNTech тестираат верзии на нивната вакцина заснована на РНК, модифицирана за да се бори против варијантите на омикрон, додека Санофи и партнерот GSK работат на вакцина базирана на протеини која ја таргетира бета подваријантата, која доминираше некое време во изминатата година.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата