Се урна дрвен мост во Норвешка, камион и автомобил паднаа во реката

15.08.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Се урна дрвен мост во Норвешка, камион и автомобил паднаа во реката

Автомобил и камион биле делумно потопени откако се урна дрвен мост долг 150 метри.

Двајцата возачи се во добра состојба, изјави портпаролот на полицијата. Возачот на камионот бил спасен со хеликоптер, а возачот на автомобилот успеал да се ослободи од возилото.

Мостот во општината Ојер, северно од Лилехамер, е релативно нов, рече портпаролот, истакнувајќи дека сè уште не е утврдено зошто се урнал, објавија норвешките медиуми.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата