60 ПИЦИ КАКО НАГРАДА за победата, честеше Мурињо (ВИДЕО)

15.08.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
60 ПИЦИ КАКО НАГРАДА за победата, честеше Мурињо (ВИДЕО)

Фудбалерите на Рома ја отворија новата сезона во Серија А со тесна победа на гостувањето кај Салернитана, а колку тој триумф му значеше на Жозе Мурињо доволно говори и наградата што ја додели на сите во тимот по натпреварот.

Мурињо нарачал 60 пици за играчите и целиот стручен штаб, покажувајќи уште еднаш како знае да ги награди своите играчи и соработници за добро завршената работа.

Минатата сезона Мурињо   на младиот Феликс Афени-Џиано, му ги купи патиките кои беа голема желба на напаѓачот откако го постигна деби голот за „Вучица“.

Летово во Рома пристигнаа и српските фудбалери Немања Матиќ и Миле Свилар. Матиќ влезе од клупата во 68. минута од натпреварот, додека голманот цел натпревар седеше на клупата.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата