(Видео) Брена направи џумбуш на свадба на внукот, со „Чик погоди“ крена на нозе и сватови и гости

15.08.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
(Видео) Брена направи џумбуш на свадба на внукот, со „Чик погоди“ крена на нозе и сватови и гости

Братот на пејачката Лепа Брена, Фарук Јахиќ го ожени својот син Един. Тој се ожени со неговата долгогодишна девојка Маја.

За свадбата целото семејство Јахиќ после долги години се собрало заедно. Фарук и Брена живеат во Белград, додека нивната сестра Фара живее во странство.

Брена на прославата се фати за микрофонот и со песната „Чик погоди“ ги крена сите гости на нозе.

Да потсетиме, освен Лепа Брена, талентот за музика го наследил и нејзиниот брат. Фарук со децении се занимава со музика. Тој свири хармоника и бил член на групата Мачак Миша.

 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата