Седуммина се извинуваа, Де Хеа ја презеде вината, а почнаа и обложувања за отказ на Тен Хаг

13.08.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Седуммина се извинуваа, Де Хеа ја презеде вината, а почнаа и обложувања за отказ на Тен Хаг

Седуммина играчи на Манчестер Јунајтед по натпреварот со Брентфорд и бламажата која ја доживеаја на првото гостување во новата прфемиерлигашка сезона, заминале кај навивачите за да побараат прошка. Пред фановите на Јунајтед се појавиле Давид де Хеа, Скот Мектоминај, Ентони Еланга, Маркус Рашфорд, Бруно Фернандес, Дони ван де Бек и Диого Дало, а Де Хеа тврди дека тој е виновен за се.

„Јас го чинев тимот пораз денеска. Бев ужасен и ова беше ден за заборав. Моравме да направиме работите да одат на подобро, морав да го одбранам првиот удар и се ќе беше поинаку. Понекогаш треба подобро да го прочитам натпреварот”, изјави Де.

По мечот исклучително е тешка ситуацијата за новиот менаџер Ерик Тен Хаг. Тој долгоочекуваната сезона со промена на тимот ја дочека со два стартни порази и уште од денеска почнуваат обложувањата кога ќе го добие очекуваниот отказ.

sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата