Баерн Минхен тргнува по Каи Хаверц!

13.08.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Баерн Минхен тргнува по Каи Хаверц!

Ѕвездата на Челзи и на репрезентацијата на Германија, Каи Хаверц е трансферната цел на Баерн Минхен и тоа ова лето. Имено како што пренесуваат медиумите во Германија, “баварците“ веќе ја отпочнале операцијата – Каи Хаверц и се надеваат дека ќе успеат да го донесат еден од најдобрите германски фудбалери во моментов.

Се разбира дека за ова е прашува и Челзи, клуб кој пред две години за 80 милиони евра го купи од Баер Леверкузен и тешко дека така лесно ќе се откаже од него, сепак се вели дека може да пресуди желбата на самиот фудбалер кој не криел дека посакува да се врати во својата земја и да игра за најдобриот германски клуб.

sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата