ЕУ пред одлука за укинување на визите на сите Руси

12.08.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ЕУ пред одлука за укинување на визите на сите Руси

Прага тоа ќе го предложи на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ, закажан за крајот на месецот во чешкиот главен град, објави француската новинска агенција АФП.

„Целосно укинување на визите на сите земји-членки на ЕУ за Русите може да биде уште една многу ефикасна санкција“, изјави чешкиот министер за надворешни работи Јан Липавски, кој тоа ќе го предложи на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите на 31 август во Прага.

„Во моментот на руската агресија, која Кремљ постојано ја ескалира, не може да се зборува за туризам за руските граѓани“, рече министерот, чија земја престана да издава визи за руските граѓани на 25 февруари, ден по руската инвазија на Украина.

Липавски повика на координиран пристап на ниво на ЕУ.

ЕУ досега воведе шест пакети санкции против Русија, кои вклучуваат мерки против рускиот енергетски и финансиски сектор, како и поединци блиски до Кремљ, заедно со замрзнување на имотот и забрана за нивно патување во ЕУ.

„Како влада, ние сме убедени дека укинувањето на издавање визи за обичните руски граѓани испраќа многу јасен и директен сигнал до руското општество. Граѓаните треба да бидат свесни дека таквата милитантна политика има последици“, рече тој. Министерот, исто така, смета дека таквата забрана би можела да помогне „да се намали влијанието на руската тајна служба во ЕУ“, пишува Политико, а пренесува словенечката новинска агенција СТА.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски на почетокот на неделата ги повика западните земји да го забранат влезот на руските државјани во нивните земји, со што ќе се зголемува притисокот врз рускиот претседател Владимир Путин.

„Русите најмногу ја поддржуваат војната, тие ги поздравуваат ракетните напади врз украинските градови и убиствата на Украинците. Нека руските туристи уживаат во Русија“, објави украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба во објава на Твитер.

Пораката е поддржана од Финска и Естонија.

Комисијата не ја крие својата резервираност за мерката со која би биле казнети сите руски граѓани и инсистира на потребата да се заштитат неистомислениците, новинарите и нивните семејства.

Не сите членки на ЕУ се за таа идеја. Германскиот канцелар Олаф Шолц, на пример, изрази сомнеж за значењето на таквата мерка бидејќи се работи за војна на рускиот претседател Путин.

Словенечкото Министерство за надворешни работи соопшти дека се уште го проучуваат предлогот за прекин на издавањето туристички визи, додавајќи дека Словенија, како и досега, „ќе бара решенија заедно со членките на ЕУ“, пренесува СТА.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата