КАЗНА ЗА ВОЕНИОТ АЕРОДРОМ, сменет е командантот на Црноморската флота?

12.08.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
КАЗНА ЗА ВОЕНИОТ АЕРОДРОМ, сменет е командантот на Црноморската флота?

Во Русија сменет е командантот на Црноморската флота Игор Осипов, јавуваат медиумите.

Причината за ослободувањето од должност е уништувањето на воениот аеродром кај Новофјодоровка на Крим, тврди украинскиот новинар Јуриј Бутусов.

Новинарот објасни дека во оваа воздухопловна база е стационирана главната ударна сила на Црноморската флота, 43. јуришен авијациски полк на Маринскиот корпус.

А за поразот на полкот сведочи и уништувањето на авион, најверојатно како резултат на минирање на два складишта за муниција.

Според руските медиуми, за нов командант на Црноморската флота е назначен вицеадмиралот Виктор Соколов.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата