Мадона: Тој настап за малку ќе ми ја уништеше кариерата (ВИДЕО)

12.08.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Мадона: Тој настап за малку ќе ми ја уништеше кариерата (ВИДЕО)

Поп-иконата во гостувањето во The Tonight Show изјави дека моментот за кој станува збор се случил на првите MTV награди во 1984 година, кога го изведе својот хит сингл Like a Virgin.

„Одев по многу стрмни скали, стигнав до дното и почнав да танцувам наоколу, а белите потпетици ми паднаа. Се обидов да го изведам потегот како да било намерно, но ми се отвори облеката и ми се откри задникот. Замислете го тоа“, изјавила таа за водителот Џими Фалон.

“Тоа беа денови кога не ти дозволуваа да го покажеш задникот ако сакаш кариера. Сега е спротивно”, се пошегува пејачката. Рекла дека сѐ се случило случајно и дека не ни знаела дека ѝ се гледа задниот дел.

„Кога отидов зад сцената, менаџерот ми кажа дека мојата кариера е завршена“, рече таа. По нејзиното соло деби во 1981 година, Мадона стана инстантна сензација во индустријата во која доминираат мажи. Таа стана призната како најпродавана жена изведувач на сите времиња со повеќе од 300 милиони продадени албуми ширум светот.

Мадона моментално е во процес на режија на сопствен биографски филм, чиј датум на прикажување сè уште не е потврден, а ѕвездата на серијата „Измислување на Ана“, Џулија Гарнер, наводно, ја добила улогата на кралицата на попот.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата